Достапни линкови

logo-print

Реалните проблеми во сенка на политичките


Протести пред и околу Собранието пред носењето на буџетот за 2013-та.

Протести пред и околу Собранието пред носењето на буџетот за 2013-та.

Политичката криза понекогаш се создава за да се потиснат егзистенцијалните проблеми на луѓето, велат аналитичарите, но тоа е само краткорочно, оти ќе мора кога тогаш политичарите да се соочат со граѓаните.

Последните случувања на внатрешно политички план и притисокот од меѓународната заедница во однос на евроатланската интеграција на Македонија ги ставија во сенка суштинските проблеми на граѓаните.
Секогаш за сите кризи во општеството, затоа што оди напред или затоа што не оди како што треба е одговорна власта, заради фактот што има пари, има моќ, има мнозинство во парламентот, има инструменти за креирање на политиките, меѓутоа опозицијата е дел на тие односи и дел на структурата на моќта во општеството.

Социологот Хасан Јашари вели дека политичката криза понекогаш се создава за да се потиснат егзистенцијалните проблеми на луѓето како сиромаштијата, невработеноста и поскапувањата. Според него, за таквата состојба најодговорна е власта, бидејќи таа е централната сила во општеството која треба да ги решава проблемите и да ги предвидува последиците од нејзините постапки.
Протест на земјодлеци за да се донесе буџетот за 2013 година.

Протест на земјодлеци за да се донесе буџетот за 2013 година.


„Секогаш за сите кризи во општеството, за тоа што оди напред или затоа што не оди како што треба е одговорна власта, заради фактот што има пари, има моќ, има мнозинство во парламентот, има инструменти за креирање на политиките, меѓутоа опозицијата е дел на тие односи и дел на структурата на моќта во општеството.“
Краткорочно тоа им успева, меѓутоа долгорочно тоа е погубна политика затоа што еден ден ќе немаат контрола врз национализмот, или ќе немаат контрола врз политичката криза којашто самите ја предизвикале и тоа ќе им се врати како бумеранг.

Васко Лазаревски од граѓанската иницијатива АМАН вели дека во јавноста вниманието драстично опадна, но на граѓаните приоритет им се проблемите со кои се соочуваат.

„Во Македонија е правило особено во последните години, кога власта не може да се справи со реалните проблеми на граѓаните кои и го даваат легитимитетот, да измисли нови проблеми, како што е проблемот со национализмот, како што е сега проблемот со исфрлањето на опозицијата од Собранието, за да се сврти вниманието на друга страна.“

Лазаревски додава дека краткорочно власта може да го сврти вниманието, меѓутоа ќе мора кога тогаш да се соочи со граѓаните.

„Краткорочно тоа им успева, меѓутоа долгорочно тоа е погубна политика затоа што еден ден ќе немаат контрола врз национализмот, или ќе немаат контрола врз политичката криза којашто самите ја предизвикале и тоа ќе им се врати како бумеранг.“

Според Јашари власта има начини како да ги придобие граѓаните.

„Власта секогаш изнаоѓа разни механизми за манипулирање на јавноста и на тој начин успева да ги придобие граѓаните или да создава механизми за притисок и сакајќи или не, граѓаните ќе гласаат за нив.“

Експерите сметаат дека притисоците на вработените и оние кои чекаат работа во администрацијата и контролата врз медиумите се механизмите кои ги користи власта. Според последните податоци на Државниот завод за статистика околу 30 отсто од граѓаните се сиромашни, а бројката на невработени е над 245 илјади.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG