Достапни линкови

logo-print

Хаос во Исмаили поради бордел


Исмаили, Азербејџан, 24.01.2013

Исмаили, Азербејџан, 24.01.2013

Низ улиците на азербејџанскиот град Исмаили е распоредена полиција, по синоќешните протести, проследени со инциденти. Дописниокот на Радио Слободна Европа јави дека на жителите на тој град денеска не им е дозволено да ги напуштаат своите домови. Вчера, илјадници жители на Исмаили бараа оставка од регионалниот гувернер поради игнорирање на нивните настојувања да биде затворен еден мотел, за кој велат дека е бордел. Демонстрантите ја запалиле резиденцијата на гувернерот, како и мотелот, а палеле и автомобили. Полицијата со водени топови и солзавец ги растерала, а извесен број демонстранти биле уапсени.
XS
SM
MD
LG