Достапни линкови

logo-print

Од Белград до Солун со бродови


Нов грандиозен проект на српските власти: изградба на канали кои би биле поврзани во пловен пат од Белград до Солун. За повеќето економски експерти во Србија, станува збор за уште едно големо предизборно ветување кое нема шанси да стане реалност.

Со евентуалното прекопување канали кои ќе ги спојат реките Дунав, Морава и Вардар пловниот пат од северна Европа до Егејот би требало да биде пократок за илјада и двесте километри во однос на сегашната траса преку Црно Море. За овој потфат би биле потребни над 17 милијарди долари и, според оптимистичките прогнози, би бил завршен за 8 години.
Се со намера да ја спречиме ситуацијата во која министерот би се задолжувал во странство за овој бесмислен проект. Ако се случи тоа тогаш и идните генерации ќе мора да ги враќаат долговите што сегашната власт ги прави за да ги исполни своите нереални предизборни ветувања.

Потенцијалните партнери за реализација на мега проектот српските власти, како што јавува дописникот на РСЕ Зоран Главоњиќ, почнале да ги бараат во Кина. За тоа во Пекинг отпатувал и министерот за рударство и просторно планирање Милан Бачевиќ кој изјави дека изградбата на каналот е најголем стратегиски проект на државата.

„Го ветивме во предизборната кампања и нема да се откажеме од него.“

Младите од Демократската партија веќе побараа на министерот Бачевиќ да му биде одземен пасошот.
Тие мегаломански проекти се скапи и за многу поразвиени земји од Србија. Од друга страна, ако тој проект служи само за политичка промоција, тогаш тој не е многу паметен. Бидејќи не е добро да ветуваш нешто во што државата треба да се задолжи за нови десетици милијарди евра и тоа во состојба кога не може да ги врати ни постојните долгови.

„Се со намера да ја спречиме ситуацијата во која министерот би се задолжувал во странство за овој бесмислен проект. Ако се случи тоа тогаш и идните генерации ќе мора да ги враќаат долговите што сегашната власт ги прави за да ги исполни своите нереални предизборни ветувања“, вели Љубан Паниќ.

Идејата на заговорниците на овој проект е Србија со еден удар да реши два големи проблема: потребата за наводнување на нивите и одбрана од поплавите. Освен тоа планирана е и изградба на седум помали хидроцентрали, како и отворање на илјадници нови работни места.

„Дали имаме пари да градиме. Сигурно е дека немаме тоа да го изведеме сами. Србија нема реални можности да се задолжува за остварување на идејата. Каналот може да се гради само ако и другите држави, на пример Германија, препознаат свој интерес“, вели Јелица Путниковиќ, уредник на „Балкан магазин“.

Според властите во Белград, големо интересирање, освен Кина покажале и Русија, Македонија и Грција, а се преговарало и со компании од американската држава Илиноис.

Во Србија има и многу критичари на ваквата идеја. Еден од нив е и Махмуд Бушатлија, консултант за инвестиции, кој вели дека станува збор за идеја од 19 век и оти со оглед на сегашните околности сега би требало да се направи нов Панамски канал, а не систем на помали канали.

„Тие мегаломански проекти се скапи и за многу поразвиени земји од Србија. Од друга страна, ако тој проект служи само за политичка промоција, тогаш тој не е многу паметен. Бидејќи не е добро да ветуваш нешто во што државата треба да се задолжи за нови десетици милијарди евра и тоа во состојба кога не може да ги врати ни постојните долгови“, вели Бушатлија.

Неколку пати во текот на изминативе сто години се појавуваа проекти за каналот Дунав, Морава, Вардар. Во последниот од 1973 година се прецизира дека по каналот би пловеле бродови со носивост од над илјада и триста тони и оти годишно би се транспортирала стока од над десет милиони тони.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG