Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја се закани со нови ракетни лансирања


Северна Кореја соопшти дека ќе спроведе повеќе ракетни лансирања и нуклеарна проба. Националната комисија за одбрана на Северна Кореја соопшти дека таквата акција „ќе ги има за цел Соединетите Држави." Најавата од страна на ова воено тело доаѓа еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите Нации донесе резолуција за осуда и казна на земјата која лансираше ракета во декември. Северна Кореја, изјави дека лансирањето било мирна мисија на сателит, но Соединетите Држави и други тврдат дека тоа било всушност тест на проектили со технологија на долг дострел. Северна Кореја имаше забрана за развивање ракетна и нуклеарна технологија поради санкции за нејзините нуклеарни тестови од 2006 и 2009 година.
XS
SM
MD
LG