Достапни линкови

Русија ги повлекува своите граѓани од Сирија


Два авиони кои превезуваа 77 Руси кои избегаа од граѓанска војна во Сирија пристигнаа на аеродромот во Москва, во операцијата за која Москва негираше дека е почетокот на масовен егзодус. Руските власти одбија да кажат зошто евакуација се случува преку Либан, но се верува дека загриженоста за безбедноста на аеродромот во Дамаск може да биде фактор. Бунтовнички напади врз аеродромот предизвикаа многу меѓународни авиокомпании да ги суспендираат летовите. Руски официјални лица велат дека постојат десетици илјади руски граѓани во Сирија, многу од нив руски жени во брак со Сиријците и нивните деца. Русија е најсилниот поддржувач на претседателот Башар ал-Асад во текот на речиси две години против неговото владеење. Таа стави вето на три резолуции на Советот за безбедност на ОН, кои имаа за цел да го запрат крвопролевањето.
XS
SM
MD
LG