Достапни линкови

Панета: Жените да се вклучат во борбените единици


Леон Панета

Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета бара да се отстрани воената забрана жените да служат во борба. Со овој потег ќе се отворат стотици илјади позиции кои вклучуваат директна борба, како што се пешадиските единици. Одлуката, која официјално ќе биде објавена подоцна, ќе им даде можност на индивидуалните воени служби до 2016 година да бараат изземање ако тие веруваат дека постојат работи кои треба да останат затворени за жените. Одлуката е спротивна на политиката од 1994 година која спречува жените да служат во предната линија борбени единици. Панета се очекува да даде официјална најава подоцна во текот на денот.
XS
SM
MD
LG