Достапни линкови

30 милиони евра за француската операција во Мали


Францускиот министер за одбрана Зан Ив ле Дријан изјави дека воената интервенција која Франција ја почна во Мали пред 13 дена, досега изнесува околу 30 милиони евра. Тој соопшти дека за операција на француската војска во странство е предвиден буџет од 630 милиони евра. Меѓународната мисија за поддршка на Мали треба да помогне малиската војска да го поврати својот интегритет, откако исламистичките бунтовници го искористија хаосот по државниот удар и го завземаа северниот дел на земјата. Францускиот претседател Франсоа Оланд на почетокот на јануари одобри воздушни напади во Мали, по што исламистите тргнаа во офанзива на југ и го зазедоа градот Кон.
XS
SM
MD
LG