Достапни линкови

Чешка може да ги блокира евро-интеграциите на Албанија


Чешкиот премиер Петр Нечас.

Чешкиот премиер Петр Нечас.

Чешкиот премиер Петр Нечас денеска упати остар протест до официјална Тирана заради одземањето на лиценцата на чешката енергетска компанија ЧЕЗ, која досега ја вршеше дистрибуцијата на електрична енергија низ Албанија.

Нечас се закани дека Чешка ќе се спротивстави на интеграцијата на Албанија во Европската унија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на албански медиуми.

Чешката компанија заради одземањето на лиценцата за работа во Албанија може да пртрпи загуби од 200 милиони евра, а од тие причини од таму се најавува и можноста случајот да заврши пред меѓународните судови.

Албанското регулаторно тело за енергетика деновиве и ја одзеде лиценцата на познатата чешка енергетска компанија, со образложението дека „не го почитува договорот со Владата на Албанија“
XS
SM
MD
LG