Достапни линкови

Филе се сретна со претседателот Иванов


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

На денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, се разговараше за претстојниот извештај на ЕК, за напредокот на Македонија, чекорите во процесот на преговори во рамките на дијалогот на високо ниво и обидите за надминување на настанатата политичка ситуација, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

Иванов и Филе се согласиле дека низ отворен и искрен дијалог политичките актери треба да најдат излез од настанатата состојба, а во интерес на сите граѓани на Република Македонија, пренесува МИА.

Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG