Достапни линкови

logo-print

Клинтон на сослушување пред Конгресот за нападот во Бенгази


Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја брани посветеноста на одделот за безбедност во Стејт департментот на сослушувањето пред Конгресот за минатогодишниот напад на американскиот конзулат во Бенгази. Пред сенатскиот комитет, Клинтон рече дека Стејт департментот реагирал брзо и агресивно за подобрување на безбедноста во дипломатските мисии низ светот. Таа рече дека ја презема целосната одговорност за грешките на функционерите во Стејт департментот што довеле до нападот во Бенгази во кој беа убиени четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс.
XS
SM
MD
LG