Достапни линкови

Плевнелиев - Бугарија не е втора Грција за Македонија


Архивска фотографија: Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиевсо македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Самитот на НАТО во Чикаго на 21мај 2012 година.

Архивска фотографија: Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиевсо македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Самитот на НАТО во Чикаго на 21мај 2012 година.

Бугарија не е втора Грција, не става вето за Македонија туку инсистира на добрососедски односи како критериум за членство во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во емисија на бугарската телевизија.

Тој рече дека македонската влада не ја исполнува декларацијата за добрососедство која беше потпишана во 1999 година.

„Ние посочивме дека декларацијата за добрососедство треба да се претвори во договор за добрососедство. На ниво на влади да го потпишеме договорот и потоа да го почитуваме, а Брисел ќе биде гарант“, рече бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
XS
SM
MD
LG