Достапни линкови

Европските лидери загрижени поради изјавите на Камерон


британскиот премиер Дејвид Камерон.

британскиот премиер Дејвид Камерон.

Европските лидери се загрижени и вознемирени поради барањето на британскиот премиер Дејвид Камерон за радикални реформи на ЕУ и поради неговото ветување дека ќе одржи референдум за членството на Велика Британија во Унијата. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ и Британија треба да најдат компромис, додека францускиот министер за финансии Пјер Московиси ја потсетува Британија дека членството во ЕУ не значи само права, туку и обврски. Изјавата на Камерон наиде на критики и во Велика Британија. Лидерот на опозициската Лабористичка партија Ед Милибанд оцени дека Камерон презема огромен ризик, додека бизнисмените предупредуваат дека економијата може да се соочи со период на неизвесност. Минатата недела, американскиот претседател Барак Обама изјави дека „САД ценат силна Велика Британија во силна ЕУ“.
XS
SM
MD
LG