Достапни линкови

Новата измама организирана преку невладино здружение, според полициските процени, ќе достигне околу 100 илјади евра. Досега откриени се десетина битолчани што и позајмувале пари на невладина активистка, која ги измамила дека и се потребни за аплицирање проект за жените во руралните средини.

Во Битола, градот каде беше најголемата пирамидална измама во земјава ТАТ, годишно се случуваат по две до три поголеми финансиски афери. Деновиве градот го треси нова измама организирана преку невладино здружение, која, според полициските процени, ќе достигне околу 100 илјади евра. Досега откриени се десетина битолчани што и позајмувале пари на невладина активистка, која ги измамила дека и се потребни за аплицирање проект за жените во руралните средини. Тие и дале околу 4 милиони денари надевајќи се дека ќе има ги врати со двојна камата. Според битолската полиција, можно е да се работи за нова пирамидална измама.
Со цел за себе да прибави противправна имотна корист, таа навела лица од Битола да и дадат во вид на позајмица пари со лажно ветување дека во рок од две недели ќе им ги врати парите со двојно поголем износ. Во здружението, пријавената била волонтер, а претседател на петчлениот управен одбор била нејзината мајка.

Портпаролот на СВР Ѓоко Стрезовски изјави „со цел за себе да прибави противправна имотна корист, таа навела лица од Битола да и дадат во вид на позајмица пари со лажно ветување дека во рок од две недели ќе им ги врати парите со двојно поголем износ. Во здружението, пријавената била волонтер, а претседател на петчлениот управен одбор била нејзината мајка. Но, сите дејствија поврзани со предметното кривично дело биле преземани од пријавената која била потписник на сметката.“

Статистиката покажува дека во Битола годишно се случуваат најмалку по две поголеми измами. Освен измамата преку невладината организација, лани полицијата разоткри и измама со станови. Организирана група оштетила битолчани за 600.000 евра ветувајќи им станови во Скопје по двојно поевтина цена.

Еден од измамените битолчани се жали „они лажеа дека становите се од холандска донација по цена од 8000 до 20.000 евра и големина од 40 до 103 квадрати“.

Со ова битолчани по кој знае кој пат паднаа во стапица на измамници. Во градот се уште не е дорасчистена аферата ТАТ, а се случуваат нови. Татовци се доведени на питачки стап, па немаат пари да ги покријат ни трошоците за преземените правни постапки и дописи со институциите.

„За сите овие документи што ги пишував до институциите во Скопје потрошив 4000 денари. Побарав на Собрание, тоа не ми го надоместија штедачите. Сега барам за понатаму да ја продолжам работата барам однапред надомест, инаку ќе ги изгорам документите“, вели Александар Илиевски, претставник на татовци.

Во оваа афера пред 16 години 13.000 битолчани загубија 60 милиони евра. Од нив 5.700 се уште не ги повратиле своите пари.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG