Достапни линкови

logo-print

НАТО - За една недела оперативност на ракетите „Патриот“ во Турција


НАТО очекува до крајот на неделава да се постигне оперативна подготвеност на ракетните комплекси „Патриот“, распоредени на турска територија долж границата со Сирија, соопштува Алијансата. Според податоците на НАТО, системите „Патриот“ ќе осигураат заштита за 3,5 милиони турски граѓани, главно во јужниот дел на границата со Сирија. Распоредувањето на батариите е дел од програмата за воздушна полиција на НАТО, а оваа операција беше подготвувана една година.
XS
SM
MD
LG