Достапни линкови

logo-print

Тачи - Србија покажа дека сака размена на територии со Косово


Отстранување на споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац(ОВПМБ) во центарот на Прешево на 20 јануари 2013.

Отстранување на споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац(ОВПМБ) во центарот на Прешево на 20 јануари 2013.

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Србија, со акцијата за отстранување на споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац(ОВПМБ) од центарот на Прешево, ја покажала својата желба за размена на територии.

„Ивица Дачиќ таа идеја дури и ја спомна во Брисел. Но, ние имаме свои планови и своја стратегија со која ќе победиме“, изјави Тачи во интервју за приштинскиот весник „Експрес“.

Тачи вели дека тој и Владата категорички го одбиле предлогот на Дачиќ за размена на територии бидејќи тоа апсолутно оди на штета на националните интереси на Косово. Таквата опција е во целосна спротивност со националните интереси на Албанците каде и да живеат, вели косовскиот премиер.

Тој рече дека е разочаран што политичките лидери и граѓаните на Прешевската Долина не направиле ниту најмал обид да го одбранат споменикот. Тачи изрази разочарување и поради насилството над српските гробишта и споменици во Косово.
XS
SM
MD
LG