Достапни линкови

Се регулира отворање аеродроми на вода


Илустрација.

Илустрација.

Се создава правна регулатива за отворање аеродром на вода. Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска го поддржа предлог-законот за дополнување на Законот за внатрешна пловидба, по скратена постапка. Со предложените решенија целосно се уредува начинот на функционирање на аеродром на вода.

Според образложението од Министерството за транспорт и врски, Предлог законот треба да овозможи безбедност во внатрешната пловидба, со цел создавање услови за зголемување на туристичката понуда со нови содржини атрактивни за туристите во државава.
XS
SM
MD
LG