Достапни линкови

НДП се враќа во Собранието, бара анкетна комисија за инцидентот


Пратениците од НДП денеска го прекинаа бојкотот на Собранието и најавија дека ќе достават предлог за формирање анкетна комисија за расветлување на настаните што се случија на 24 декември минатата година. Предлогот ќе биде доставен до сите пратенички групи, вклучувајќи ги и оние на опозициските пратеници кои сè уште се надвор од Парламентот.

„Предлагаме да се утврди одговорноста и причините за тоа што придонесе за исфрлување на пратениците и на новинарите. Бараме да се состави извештај со предлог мерки за надминување на оваа ситуација и за тоа мора да се расправа на пленарна седница“, изјави пратеникот Изет Зеќири од НДП.

Доколку нивниот предлог не биде прифатен и не се утврди одговорноста и причините, Зеќири смета дека нема да има разрешување на политичката криза.
XS
SM
MD
LG