Достапни линкови

Осум приведени на протестите пред холандската амбасада во Москва


Протестпред холандската амбасада во Киев на 19 јануари 2013.

Протестпред холандската амбасада во Киев на 19 јануари 2013.

Полицијата притвори осум опозициски активисти што без одобрение протестираа пред холандската амбасада во Москва. Членови на движењето Друга Русија се собраа пред амбасадата поради смртта на нивниот колега Александар Доломатов. Тој беше пронајден мртов во прифатен центар за баратели на азил во Ротердам минатата недела. Активистите велат дека извршил самоубиство поради тоа што Холандија му го одбила барањето за азил.

Пред неколку дена активисти протестираа и пред холандската амбасада во Киев.

Доломатов беше уапсен за време на анти-владини протести во Москва во мај, но подоцна беше пуштен од притвор. Тој ја напушти Москва во јуни откако полицијата изврши претрес во неговиот стан.
XS
SM
MD
LG