Достапни линкови

Штрајкот во мирување, учиникот си врви


Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија. 08 декември.2012.

Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија. 08 декември.2012.

Од Самостојниот синдикат на Клинички центри велат дека штрајкот е само во мирување, а министерот постигнал договор со гранковиот синдикат, но не и со нив. Во меѓувреме тие работат по моделот плаќање по учинок.

Штрајкот е ставен во мирување, ништо се нема променето и работиме по моделот за плаќање по учинок, велат претставници на Самостојниот синдикат на клиничкиот центар. Моделот за плаќање по учинок освен за докторите е неповолен и за пациентите, коментираат познавачите.
Со оглед дека плаќањето по учинок е донесено со акт на влада, преку одлука на Управен одбор, ние ги внесуваме податоците за плаќање по учинок, но тоа не значи дека нема да продолжиме со нашите настојувања тоа да биде направено на најдобар можен начин за нас.

Доктор Калина Старделова од Самостојниот синдикат вели дека штрајкот е само во мирување, а министерот постигнал договор со гранковиот синдикат, но не и со Самостојниот синдикат на клинички центар.

„Со оглед дека плаќањето по учинок е донесено со акт на влада, преку одлука на Управен одбор, ние ги внесуваме податоците за плаќање по учинок, но тоа не значи дека нема да продолжиме со нашите настојувања тоа да биде направено на најдобар можен начин за нас.“
Министерот за здравство Никола Тодоров и синдикалните лидери во здравството д-р. Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат на Клинички центар и д-р Љубиша Каранфиловски од Гранковиот синдикат за здравство на прес-конференција во Скопје на 19 декември 2012.

Министерот за здравство Никола Тодоров и синдикалните лидери во здравството д-р. Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат на Клинички центар и д-р Љубиша Каранфиловски од Гранковиот синдикат за здравство на прес-конференција во Скопје на 19 декември 2012.


Работиме како што работевме и претходно, вели Доктор Старделова.

„Имаме дефинирани барања кои сакаме да влезат во нашиот колективен договор, анекс договор на колективниот договор на гранковиот синдикат кој е со траење до јуни 2013-та. Тие се менуваат на две години и во јуни 2013-та гранковиот би требало да има има нов договор, а и ние нешто после тоа поединецен колективен договор.“
Ние го кажавме нашето мислење дека моделот во таа форма не е соодветен и е штетен за државата, за здравството, за сите практично, а најмногу за пациентите, меѓутоа се надевавме дека ќе се најде некаков компромис кој ќе успее да понуди подобро решение.

Не е постигнат договор со тие што штрајкуваат, а тоа се докторите од клиничкиот центар, вели Доктор Владимир Лазаревик.

„Постигнат е договор со гранковиот синдикат кој во принцип воопшто го немаше поддржано штрајкот, така да овој договор во оваа фаза повторно наидува на огромно незадоволство помеѓу мнозинството лекари кои се вклучени во плаќањето по учинок. Дали и зошто нема штрајк јас не можам да кажам, но сметам дека незадоволството продолжува и тоа ќе има негативни последици кои допрва ќе ги видиме.“

Докторите се интересираат понудениот модел да одговара на потребите и барањата вели Лазаревик.

„Ние го кажавме нашето мислење дека моделот во таа форма не е соодветен и е штетен за државата, за здравството, за сите практично, а најмногу за пациентите, меѓутоа се надевавме дека ќе се најде некаков компромис кој ќе успее да понуди подобро решение. “

По последната средба со Миниистерот за здравство се забележува дека понудата на министерството на била во согласност со претходната спогодба поради која штрајкот беше ставен во мирување. Гранковиот синдикат договори квартално наместо месечно потпишување на плаќањето по учинок. Сменети биле и бодирањата, така да лекарите ќе имаат поголема можност да земат сто проценти од платата.
XS
SM
MD
LG