Достапни линкови

Клинтон ќе сведочи за нападот во Бенгази


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе сведочи пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот за нападот што на 11 септември лани се случи врз американската мисија во либијскиот град Бенгази. Во овој напад беа убиени четворица американци, меѓу нив и амбасадорот Крис Стивенс. Предвидено беше Клинтон да сведочи во минатиот месец, но тоа беше одложено поради неколкуте нејзини здравствени проблеми. До сведочењето доаѓа пред нејзиното заминување од функцијата. Претседателот Барак Обама го наименува сенаторот Џон Кери за нов државен секретар.
XS
SM
MD
LG