Достапни линкови

logo-print

Камерон: Британија на референдум за ЕУ


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска вети дека ќе им даде на британците директен избор за тоа дали сакаат да останат или да ја напуштат Европската унија. Референдумот за тоа би се одржал меѓу 2015 и 2017 година. Камерон изјави дека разочараноста на британската јавност од Европската унија е на највисоко ниво досега. Тој додаде дека Британија нема намера да и се приклучи на заедничката европска валута.„Време е сите британци да го кажат нивниот збор“, наведе Камерон, додавајќи дека неговата Конзервативна партија на изборите во 2015 ќе води кампања за референдум и за повторно преговорање во врска со британското членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG