Достапни линкови

Ципрас: македонските власти, виновни за спорот


Лидерот на грчката радикална левица Сириза, Алексис Ципрас

Лидерот на грчката радикална левица Сириза, Алексис Ципрас

Лидерот на грчката радикална левица Сириза, Алексис Ципрас во обраќање во институтот Брукингс во Вашингтон изјави дека односите на Грција со Македонија мора да се засноваат врз соработка. „Немаме што да се плашиме од мала соседна држава на северот. Нашата разлика околу името е разлика која треба да се реши, во контекст на взаемно прифатливо решение, со географска одредница“, изјави Ципрас. Според него, проблемот е во тоа ако некој во Македонија или во Грција промовира разлики и националистички изуми. „Во односите со ФИРОМ не не загрижува толку името, колку национализмот кој се поттикнува таму. Сметаме дека национализмот е најголемиот непријател на мирниот соживот и пријателството меѓу државите. Многу сме загрижени кога гледаме националистички партии како се први во соседна држава и почнуваат да влечат иредентистички политики кои се дел од минатото“, рече Ципрас, кој негира дека во Грција има македонско малцинство.
XS
SM
MD
LG