Достапни линкови

Излезни анкети: победа на Нетанјаху, но со помала поддршка


Излезните анкети од вчерашните парламентарни избори во Израел покажуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе остане на власт, но со послаб мандат. Според анкетите на сите три израелски ТВ станици, коалицијата меѓу централно-десничарската партија Ликуд на Нетанјаху и ултранационалистичката Јизраел Бетеину на поранешниот шеф на дипломатијата Авигдор Либерман освоила само 31 место, 11 помалку од тоа што коалицијата го имаше пред изборите, но сеуште најмногу од кој било блок во 120-члениот парламент.
Нетанјаху им рече на приврзаниците дека ќе формира широка коалиција. Тој исто така ги увери дека врвен приоритет ќе биде Иран да не добие нуклеарно оружје. Првите официјални прелиминарни резултати од изборите ќе бидат објавени подоцна во текот на денов.
XS
SM
MD
LG