Достапни линкови

logo-print

Говор на Камерон за идните односи Британија-Европа


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска треба да го одржи очекуваниот говор за идните односи со Европа. Се очекува тој да каже дека разочараноста на британската јавност од Европската Унија постојано е на високо ниво и оти британското членство во овој блок треба да биде ревидирано. Исто така, Камерон најверојатно ќе им понуди на граѓаните гласање за излегување од ЕУ, ако неговата Конзервативна партија победи на следните избори во 2015 година.
Разговорите за таков референдум предизвикаа загриженост во Европа и во Северна Америка. Неодамна Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама му рекол на Камерон оти САД ценат силна Велика Британија во силна Европска Унија.
XS
SM
MD
LG