Достапни линкови

Почнува Светскиот економски форум во Давос


Во швајцарскиот град Давос денеска почнува Светскиот економски форум, на кој ќе учествуваат бизнис и политички лидери од целиот свет. Се очекува дискусиите во наредните 5 дена да бидат фокусирани врз проекциите за глобалниот раст.
Најавено е денеска на присутните на форумот во елитното одморалиште да им се обратат претседателот на Европската централна банка Марио Драги, директорката на ММФ Кристин Лагард и рускиот премиер Дмитри Медведев.
Форумот почнува во атмосфера на песимизам, со оглед на тоа што во анкетата направена пред стартот, само 36 насто од 1300 менаџери биле оптимисти во врска со развојот оваа година.
За разлика од тоа, во растечките економии Русија и Индија, повеќе од 60 насто од анкетираните менаџери биле големи оптимисти.
XS
SM
MD
LG