Достапни линкови

logo-print

Генерал Ален ослободен од обвинувањата


Генерал Џон Ален

Генерал Џон Ален

Претставници на Пентагон соопштија дека главниот американски командант во Авганистан е ослободен од обвинувањата дека испраќал несоодветни мејлови на жена-цивил. Морнаричкиот генерал Џон Ален беше под истрага во ноември минатата година, поради размена на мејлови со една од жените која беше во центарот на скандалот кој го натера Дејвид Петреус да даде оставка на функцијата директор на ЦИА.
Ален негираше секаква злоупотреба.
Американскиот претседател Барак Обама го номинираше Ален за иден американски командант на силите на НАТО во Европа.
XS
SM
MD
LG