Достапни линкови

logo-print

Сензација во Мелбурн: пораз на Серена


Серена Вилијамс

Серена Вилијамс

Американската тенисерка Серена Вилијамс доживеа шокантен пораз на отвореното првенство на Австралија во Мелбурн. Една од најголемите фаворитки за победа на турнирот, 15-кратната победничка на Грен Слем турнирите, во четвртфиналето е поразена од американската тинејџерка Слоун Стивенс (6:3, 5:7, 4:6).
Стивенс во полуфиналето утре ќе игра против бранителката на трофејот Викторија Азаренка од Белорусија, која беше подобра од русинката Светлана Кузњецова (7:5, 6:1).
Во другото полуфинале се среќаваат Марија Шарапова од Русија и На Ли од Кина.
XS
SM
MD
LG