Достапни линкови

Времето сончево, од утре влажен бран


Времето во Македонија ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Утринската температура се движи од минус два до четири, а дневната ќе биде од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура од минус еден и со дневна до осум степени.

Утре ќе има нов влажен бран кој ќе услови облачно и дождливо време.

В петок ќе има заладување, а попладне врнежите постепено ќе преминуваат во снег и на пониските места. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер најпрво од јужен, а потоа и од северен правец.
XS
SM
MD
LG