Достапни линкови

Избори во Израел и во Јордан


Избори во Израел.

Избори во Израел.

Во Израел денеска се одржуваат парламентарни избори. Според анкетите, се очекува десничарската коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху повторно да победи. Во пресрет на изборите, крајно десничарската националистичка партија Еврејски дом на Нафтали Бенет забележа голем раст на популарноста. Официјалните резултати треба да бидат објавени утре.

Избори се одржуваат и во Јордан и покрај тоа што Муслиманското братство и другите опозициони партии ги бојкотираат. Јорданскиот крал Абдула изјави дека изборите се пресвртна точка во постепениот процес на демократски реформи кои почнаа пред две години со Арапската пролет во регионот. Опозицијата ги бојкотира изборите во знак на протест на изборното законодавство за кое тврдат дека ги фаворизира племенските водачи и лојалистите на режимот на сметка на политичките партии.
XS
SM
MD
LG