Достапни линкови

Евакуација на дел од Русите од Сирија


Конвојот со кој се евакуираат руските државјани ја поминува сиријско-либанската граница.

Конвојот со кој се евакуираат руските државјани ја поминува сиријско-либанската граница.

Руското Министерство за вонредни ситуации испрати два авиони во Бејрут за евакуација на дел од руските државјани од Сирија. Руските власти соопштија дека стотина руски државјани треба да стигнат до Бејрут со автобус. Тие веќе ја преминале границата со Либан. Не се соопштува зошто се евакуираат дел од Русите од Сирија, нити, пак, зошто се користи аеродромот во Бејрут, а не во Дамаск, иако според некои информации има борби меѓу владините сили и бунтовниците во близина на аеродромот во Дамаск. Руските власти го минимизираат значењето на евакуацијата и велат дека само околу 150 руски државјани ќе ја напуштат Сирија.
XS
SM
MD
LG