Достапни линкови

Попоски на средби со Филе и со неколку европратеници


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. На средбата меѓу другото се разговараше за перспективите за одредување датум за почеток на пристапните преговори, како и за следната сесија на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија во февруари 2013 год, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Попладнево Попоски се сретнал и со известителот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, известителите во сенка Норика Николаи и Марије Корнелисен, со копретседавачот со Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-ЕУ Јоргос Шацимаркакис, претседавачот на Комисијата за надворешни работи Елмар Брок, претседателот на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент Мартин Кастлер и со бугарските европратеници Андреј Ковачев и Евгени Кирилов.

Средбите во Европскиот парламент беа фокусирани кон нацрт-Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година, подготвена од известителот Ричард Ховит, информира МНР. Попоски изразил очекување дека Европскиот парламент ќе го повтори повикот за неодложно отпочнување на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската унија.
XS
SM
MD
LG