Достапни линкови

Белград незадоволен од речникот на Тирана


Oтстранувањето на споменикот на ОВПМБ во Прешево.

Србија денеска изрази протест по повод соопштението на Владата на Албанија во врска со отстранувањето на споменикот на ОВПМБ во Прешево на 20 јануари.

Српското МНР смета дека речникот кој е употребен во соопштението директно поттикнува натамошни активности насочени кон дестабилизација на ситуацијата во јужниот дел на Србија, но и во поширокиот регион, во соседните земји населени со албанско малцинство.

Претходно, албанската Влада го осуди отстранувањето на споменикот од центарот на Прешево, оценувајќи го овој чин како „последователна потврда на албанофобијата на властите во Белград, кој јасно потврдува дека расистичкото антиалбанско наследство на Слободна Милошевиќ сè уште е живо и доминира во официјалната политика на Белград“.
XS
SM
MD
LG