Достапни линкови

logo-print

Црквата тужи активист за клевета во Русија


Московската катедрала Христос Спасителот.

Московската катедрала Христос Спасителот.

Претседателот на Организацијата за права на потрошувачите на Русија Михаил Аншаков е обвинет за клевета поради неговите коментари за московската катедрала Христос Спасителот. Директорот на Фондот на катедралата Василиј Подевалин го тужи Аншаков поради тоа што во изјава за весникот Новаја Газета во септември рекол дека катедралата се претворила во бизнис-центар во кој се сместени „15 фирми, пералница за автомобили и авто-сервис“, како и други претпријатија. Клеветата во Русија е кривично дело. Минатиот месец Аншаков беше претепан од непознати сторители во Москва.
XS
SM
MD
LG