Достапни линкови

Почна средбата Груевски-Црвенковски


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, на која ќе се обидат да изнајдат решенија за политичката криза и за учество на опозицијата на претстојните избори. На средбата присуствуваат и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров и пратеникот Јани Макрадули. Средбата се одржува на иницијатива на премиерот Груевски, кој вчера упати покана до Црвенковски.
XS
SM
MD
LG