Достапни линкови

ОНЦХР разочаранa поради егзекуција за малолетнички криминал во Иран


Илустрација.

Илустрација.

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права(ОНЦХР) изрази разочараност по информациите за егзекуција за малолетнички криминал во Иран. Овој месец беше егзекутиран 21-годишен Иранец за убиство што го извршил кога имал 17 години. Во соопштението од ОНЦХР се наведува дека, според меѓународните конвенции ратификувани и од Иран, не може да се досуди смртна казна за кривични дела извршени од лица под 18 години. ОНЦХР бара од Иран да го намали бројот на смртни пресуди и да го намали бројот на кривични дела за кои се предвидува смртна казна.
XS
SM
MD
LG