Достапни линкови

Гласачите меѓу партиската припадност и резултатите


Архивска фотографија - Предвремени парламентрани избори 2011.
Архивска фотографија - Предвремени парламентрани избори 2011.

Тешко е да се даде конкретен одговор на прашањето што влијае на одлуката на гласачите, велат социолозите.

Тешко е да се одреди што влијае на одлуката на македонските гласачи:партиската припадност или конкретните резултати, велат социолозите. Граѓаните се со поделени одговори на прашањето дали веруваат во остварувањето на предизборните ветувања.
Доволно сум стар за да не верувам. Остваруваат само тоа што е по нивен избор, по нивна волја, а не по избор на граѓаните.
Анкетиран граѓанин.

„Доволно сум стар за да не верувам. Остваруваат само тоа што е по нивен избор, по нивна волја, а не по избор на граѓаните.“

„Се остваруваат работи и тоа многу се остваруваат.“

„Би им верувале, зошто да не? “

„По нешто се гледа, може не претеруваат, ама се гледа.“

„Ништо нема, ни едните чинат, ни другите, трето треба.’
Македонија живее во една издраматизирана, исполитизирана состојба, а таа состојба многу им одговара на партиите, затоа што секогаш се обидуваат да ја наметнат својата програма како нешто кое значи излез од кризата.
Илија Ацески, социолог.

Тешко е да се даде конкретен одговор на прашањето што влијае на одлуката на гласачите, вели социологот Илија Ацески.

„Еден подолг временски период Македонија живее во една издраматизирана, исполитизирана состојба, а таа состојба многу им одговара на партиите, затоа што секогаш се обидуваат да ја наметнат својата програма како нешто кое значи излез од кризата.“

Во тој контекст, имајќи го предвид однесувањето на владејачката партија може да се изведе заклучок дека програмата се препознава, вели Ацески.

„Таа се остварува, резултатите се тука и тука еден добар дел од гласачите се фаќаат на тој дел, иако во една генерална смисла тешко може да се каже дека македонскиот гласач е нешто кое, освен она константно тело кое е врзано за партијата.“

Најголем дел од гласачкото тело флуктуира, вели професорот.

„Час оди по една програма, еден момент оди во една смисла дека интересите, она што е препознатливо надвор од таа програма, но за еден генерален заклучок тешко може да се каже каде е фокусот на македонскиот гласач во овој контекст.“
XS
SM
MD
LG