Достапни линкови

На изборите во Израел се очекува победа на Нетанјаху


Бенјамин Нетанјаху и Нафтали Бенет

Бенјамин Нетанјаху и Нафтали Бенет

На денешните парламентарни избори во Израел се очекува дека партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху уште еднаш ќе ја добие најсилната позиција во Парламентот, но, според анкетите, балансот меѓу неговите коалициони партнери најверојатно ќе биде значително променет.
Ултранационалната еврејската партија на Нафтали Бенет имено беше изненадување во кампањата досега и тој е опишан како новата рок ѕвезда на израелската политика. Се очекува оваа партија да добие 15 места во Кнесетот и тоа да го отежне мировниот процес со палестинците.
XS
SM
MD
LG