Достапни линкови

Преговорите за името дел од агендата на Поповски во Брисел


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска и утре во Брисел ќе се сретне со комесарот за проширување во Европската комисија Штефан Филе, со генералниот секретар во Европската служба за надворешни работи Пјер Вимон и известителот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.
На средбите се очекува да се разговара за преговорите за околу разликите за името со Грција и унапредување на односите со соседите во врска со пролетниот извештај на Европската Комисија за Република Македонија
Во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ке биде поднесена неодамна објавената нацрт-Резолуција на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија за 2012 година подготвена од известителот Ричард Ховит.
XS
SM
MD
LG