Достапни линкови

ОН: невработеноста во светот во 2013 и 2014 ќе се зголеми


Агенцијата на ОН за труд предупреди дека ефектите на глобалната криза се одразуваат врз растот на невработеноста и покрај очекувањата за раст на светските економии.
Според извештајот на Агенцијата, бројот на невработените се покачил за 4 милиона и достигнал 197 милиона на глобално ниво.
Во 2013 се очекуваат дополнителни 5,1 милиони невработени, а во 2014 плус 3 милиона.
Глобалната невработеност на врвот на кризата во 2009 беше 6,21 проценти а во 2012 изнесуваше 5,93 насто. Во 2013 и 2014 повторно се очекува тој процент да изнесува 6,1 насто.
XS
SM
MD
LG