Достапни линкови

Сакашвили со критики до Русија и до грузиската влада


Грузискиот претседател Михаил Сакашвили

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили упати тешки критики до Русија и до грузискиот премиер Бидзина Иванишвили за време на неговото обраќање пред Советот на парламентарното собрание на Европа.
Сакашвили ја обвини Москва дека не ги почитува меѓународните обврски во врска со окупираните територии Абхазија и Јужна Осетија и дека руското воено зајакнување продолжува и натаму.
Сакашвили ја обвини и грузиската влада дека ги напаѓа судиите, ги малтретира независните медиуми и практикува селективна правда кон политичките противници.
XS
SM
MD
LG