Достапни линкови

Груевски и Црвенковски ќе ја решаваат политичката криза


Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски. 07 септември 2011

Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски. 07 септември 2011

Лидерска средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје. Тие треба да разговараат за излез од актуелната политичка криза. Освен двајцата лидери, на средбата ќе присуствуваат и највисоките претставници на двете партии.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја прифати поканата за средба на премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Според предлогот на Груевски средбата на која би се разговарало за изнаоѓање на решенија за политичката криза и учество на СДСМ во локалните избори ќе се одржи утре во клубот на пратениците.
Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија.

„Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјат а по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана“, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.
Марш на Сојузот на иднината.

Марш на Сојузот на иднината.


Во меѓувреме отпорот на опозицијата против власта продолжи со зголемен интензитен. Наместо по една отсега ќе бидат блокирани по три раскрсници во Скопје. Горан Мисовски од НСДП му порача на премиерот да размисли колку долго без легитимет може да опстои овој состав на Собранието.
Дојдена сум тука против диктатурата што е воведена во оваа држава, во ваква држава нема место за нас младината, нема ни работа, ни ништо, а после прашуваат зошто младите бегаат во странство?

„Не може Груевски да го преземе ризикот или ако сакате ризикот ќе биде негов, ако одлужи да организира локални избори без опозицијата, за нас тие избори ќе бидат нелегитимни и нелегални. Исходот од таквиот тип на избори ќе падне на грбот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Ако на некој во овој момент му е потребно лидерка средба тоа е само на Никола Груевски, да го спаси од страмот што го направи во Република Македонија.“

Според Мисовски единствен излез од кризата се фер и и демократски предвремени избори.

Граѓаните велат дека излегле на улица поради тоа што била нарушена демократијата во земјата.

„Дојдена сум тука против диктатурата што е воведена во оваа држава, во ваква држава нема место за нас младината, нема ни работа, ни ништо, а после прашуваат зошто младите бегаат во странство?

„Причината е поради тоа што оваа веќе популарно наречена ненародна власт ги премина сите граници на демократско однесување.“

Груевски во поканата до Црвенковски истакнал дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG