Достапни линкови

Ќе се договорат ли Груевски и Црвенковски?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Премиерот Никола Груевски го покани лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба за утре. Црвенковски ја прифати поканата.

Премиерот Никола Груевски испратил покана за лидерска средба на претсдателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Според најавите, Груевски ја свикува средбата како обид да се надмине политичката криза откако опозицијата излезе од парламентот и побара предвремени парламентарни избори. Според првичните информации од ВМРО-ДПМНЕ, форматот на средбата би бил лидерите на двете партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, заедно со уште еден до двајца претставници од партиите.
Претседателот кажа дека нема намера тој да свикува лидерска средба кај него, премиерот саркастично му одговори на лидерот на опозицијата повеќе кажа дека не е спремен, туку ако сака помош тој е спремен да му помогне, што сметам дека е многу, многу понижувачки за опозицијата.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ја прифати покана за средба што треба да се одржи утре.

„Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции“, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


Вчера премиерот Никола Груевски изјави дека е подготвен да преземе таков чекор, доколку како што рече „на Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во којашто влезе и ако воопшто почувствува каква било потреба од тоа“.

Во меѓувреме Сојузот за иднината продолжи со најавените блокади низ поголемите градови во земјава. Денеска СДСМ блокираше три клучни раскрсници во главниот град, а најави одржување на серија маршеви и граѓански парламенти на кои како што велат граѓаните можат да го изразат својот револт и отпор кон власта.

„Владејачките партии поаѓаат од претпоставка дека нема криза, нема проблем, туку едноставно пратениците на опозицијата да се вратат на седниците на Собранието, да се учествува на изборите и според нив нема никаков проблем“, вели политичкиот аналитичар Насер Зибери.

Според него, сериозни преговори за можно решение би имало, само ако во нив се вклучи меѓународниот фактор, Соединетите Држави и Европската унија, особено затоа што двете клучни институции во земјава, претседателот и премиерот се изјаснија дека не гледаат причина за таква средба.

„Претседателот кажа дека нема намера тој да свикува лидерска средба кај него, премиерот саркастично му одговори на лидерот на опозицијата повеќе кажа дека не е спремен, туку ако сака помош тој е спремен да му помогне, што сметам дека е многу, многу понижувачки за опозицијата“, заклучува Зибери.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG