Достапни линкови

Азербејџански активисти ќе платат казна во монети


Протест во Баку.

Протест во Баку.

Азербејџанските активисти соопштија дека собрале 11.600 манати, односно околу 14.800 долари, за плаќање на казните на демонстрантите кои беа осудени на по неколку стотици долари казна според новиот закон за масовни собири. Претставници на младинското движење Позитивни промени изјавија дека, ако жалбите на осудените не бидат уважени и Апелациониот суд ги потврди казните, парите ќе им бидат предадени на властите раситнети на монети од по 5 кепици. Еден манат е 100 кепици. Кампањата за собирање пари почна минатата недела, откако повеќе од 20 луѓе беа осудени за учество на протестите во Баку на 12 јануари. Демонстрантите беа осудени на казни од 300 до 600 манати, односно меѓу 380 и 760 долари. Вкупната казна за сите е околу 13.400 долари.
XS
SM
MD
LG