Достапни линкови

Русија извезла оружје за 15 милијарди долари во 2012


Рускиот претседател Дмитри Медведев пука со митралез при посета на фабрика за оружје во Климовск на 3 октомври 2012 година.

Рускиот претседател Дмитри Медведев пука со митралез при посета на фабрика за оружје во Климовск на 3 октомври 2012 година.

Русија соопшти дека во 2012 година извезла оружје во вредност над 15 милијарди долари, што е за 12 отсто повеќе од планираното. Надлежните велат дека ова е само груба проценка на извозот, а конечните бројки ќе бидат објавени најдоцна до првата половина на февруари. Не се соопштува во која држава колку оружје било извезено, но се посочува дека нови купувачи се Гана, Оман, Танзанија и Авганистан. Надлежните информираат дека руските производители веќе имаат договори за испорака на оружје и воен материјал во наредните години во вредност од околу 46 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG