Достапни линкови

logo-print

Признание за моќта на организираниот криминал


Премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје, 07 јануари 2013

Премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје, 07 јануари 2013

Предлогот Премиерот да има поголемо обезбедување по завршување на мандатот, оти се борел против криминалот, е прво јавно признание дека организираниот криминал зема се поголем замав, вели професор Владимир Пивоваров, според кој, станува збор и за егоистички предлог со кој се оптоварува буџетот. Со тоа не се согласува Павле Трајанов кој го подржува законот, но констатира дека не 6, ами и 60 луѓе не може да го заштитат премиерот ако системот за безбедност не функционира.

Со предлог измени на законот за Влада со кои се засилува обезбедувањето на премиерот по истекот на мандатот се признава дека во земјава организиран криминал е во се поголем замав, затоа што досега за такво нешто немаше никакво признание во јавноста ова е прво, вели поранешниот прв човек на разузнавање и професор Владимир Пивоваров. Тој објаснува ова барање иако добро е доста егоистично затоа што кога станува збор за ризик, оперативците во Министерството за внатрешни работи се тие кои што изложени на поголем безбедносен ризик.
Па прости ми боже, ама секој премиер ќе сака додека е жив вака да се однесува, ако имаме избори на 4 години и ако власта по некоја претпоставка се менува редовно да кажеме, во таква ќе имаме многу премиери, многу финансиски трошоци, во делот дека ова е голема финансиска ставка, па таа Шеста управа ќе нема доволно работници за да може само бившите премиери да ги обезбедува. А тоа е малку егоистично само премиерот да биде обезбедуван.

„Значи пред се тие се најзагрозените каде би можел некој да се освети, замислете дека само дека тие имаат успешни акции со 100 килограми хероин кој чини милиони и милиони евра, па нормално дека таа криминална организација веќе го става оперативецот на листа за отстрел. Значи во таа хиерархија на опасности кои следат после борба со организираниот криминал на најдалечна позиција би биле премиерот. Нормално и добро е што веќе признаваме дека организираниот криминал е во толку голем замав и добро е што признаваме, затоа што до сега не признававме дека имаме толкав голем замав на организиран криминал во Македонија. “
Премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на реконструирана улица во Скопје.

Премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на реконструирана улица во Скопје.


Пивоваров додава дека од економски аспект таа мерка не е исплатлива затоа што така секој нареден премиер во земјава ќе сака да си го зголеми обезбедувањето.

„Па прости ми боже, ама секој премиер ќе сака додека е жив вака да се однесува, ако имаме избори на 4 години и ако власта по некоја претпоставка се менува редовно да кажеме, во таква ќе имаме многу премиери, многу финансиски трошоци, во делот дека ова е голема финансиска ставка, па таа Шеста управа ќе нема доволно работници за да може само бившите премиери да ги обезбедува. А тоа е малку егоистично само премиерот да биде обезбедуван. “
Сметам дека тие права на поранешен претседател треба да бидат крајно редуцирани, намалени а за сметка на тоа да се обезбедува претседателот на Владата кој навистина извршува одговорна функција.

Тој додава дека со тоа што Премиерот сам ќе ја избира својата мини армија за своја безбедност испраќа лош сигнал, со тоа што укажува дека нема доверба во безбедносниот систем, затоа што тврди дека безбедносните служби не се подобни туку само неколку лица.

Премиерот Никола Груевски на промоција на велосипедска патека во Скопје.

Премиерот Никола Груевски на промоција на велосипедска патека во Скопје.

Од друга страна, пак, поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен коалиционер во владата Павле Трајанов смета дека претседателот на Владата носи најголема одговорност за вкупните состојби во државата и дека по престанување на функцијата треба да има соодветно обезбедување во согласност со безбедносните процени.

„Само споредбено, претседателот на државата има доживотна заштита, кој што во Република Македонија има некаква репрезентативна функција, а никако не носи одлуки кои се битни за државата или за внатрешните состојби, за борба против корупцијата, криминалот, за целина за состојбите во државата. Тој има континуирано обезбедување, кабинет со најмалку тројца советници, возач и се она што е неопходно, вклучително и посебен буџет. Сметам дека тие права на поранешен претседател треба да бидат крајно редуцирани, намалени а за сметка на тоа да се обезбедува претседателот на Владата кој навистина извршува одговорна функција.“

Тој додава дека министерот за внатрешни работи е најзагрозен од аспект на борба против тероризам, корупција и организиран криминал, но не може да се споредува од аспект на ризик кој е позагрозен од нив или кој е послаб борец против криминалот па има потреба од заштита. Трајанов смета дека барањето за обезбедување на поранешен премиер не може да се толкува како немање доверба во безбедносниот систем.

„Мислам дека не шестмина, шеесетмина да се, не можат да го обезбедат претседателот на Владата доколку целокупниот систем за безбедност не функционира. Тоа апсолутно е погрешна теза дека ако има физичко обезбедување, дека тој е заштитен.“

Материјата за обезбедувањето на премиерот, сега е уредена со Правилник, а со законот се подига нивото. Наместо една година, услугите за обезбедување премиерот ќе ги добива толку години колку што ја извршувал функцијата. Се зголемува и бројот на обезбедувачи од три на шест, како и право на користење на службено возило и возач. Вчера премиерот Никола Груевски изјави дека владите пред неговата ја немале борбата против криминалот и корупцијата во врвот на приоритетите и оттука не размислувале за периодот потоа, но сега сите идни влади и премиери е се чувствуваат побезбедно кога преземаат мерки за сузбивање на криминалот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG