Достапни линкови

logo-print

Со провокации нема излез од кризата


Архивска фотографија: Средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски на 15 март 2011

Архивска фотографија: Средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски на 15 март 2011

Изјавата на премиерот за лидерска средба како излезна стратегија за СДСМ е провокативна и не води кон излез од кризата. Опозицијата продолжува со протестите се додека власта не организира лидерска средба. И за некои аналитичари излезот не се гледа затоа што и премиерот и Претседателот покажале понижувачки однос кон опозицијата.

За социјалдемократите вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски е во најмала рака несериозна и провокативна. Во услови на политичка криза, Груевски преку ваквите изјави ја потврдува опиеноста од власта, а државата ја втурнува во уште потешка ситуација, велат извори во СДСМ. Од партијата потврдуваат дека се подготвени да седнат на маса и да разговараат за можните решенија на евентуална лидерска средба.
Лидерска средба, 2010.

Лидерска средба, 2010.


Претседателот кажа дека нема намера тој да свикува лидерска средба кај него, премиерот саркастично му одговори на лидерот на опозицијата повеќе кажа дека не е спремен, туку ако сака помош тој е спремен да му помогне, што сметам дека е многу, многу понижувачки за опозицијата.
Позицијата на СДСМ за учество на една таква средба е потврдена и со одлука на Централниот одбор на партијата, велат нашите извори. И додека премиерот не одлучи да закаже таква средба, Сојузот за иднината ќе продолжи со најавените блокади низ поголемите градови во земјава, кои како што најавуваат од партијата ќе бидат се помасовни и почести.

Вчера премиерот Никола Груевски изјави дека е подготвен да преземе таков чекор, доколку како што рече „на Црвенковски му треба излезно решение од ситуацијата во којашто влезе и ако воопшто почувствува каква било потреба од тоа“.

Во ваква поставеност на работите политичките аналитичари не гледаат можност за одржување лидерска средба. Кога власта не гледа криза, тогаш е тешко да се очекува дека би свикала средба на која ќе се разговара за промена на настанатата состојба.
Лидерска средба, 2009.

Лидерска средба, 2009.


„Владејачките партии поаѓаат од претпоставка дека нема криза, нема проблем, туку едноставно пратениците на опозицијата да се вратат на седниците на Собранието, да се учествува на изборите и според нив нема никаков проблем“, вели политичкиот аналитичар Насер Зибери.

Според него сериозни преговори за можно решение би имало, само ако во нив се вклучи меѓународниот фактор, Соединетите Држави и Европската Унија, особено затоа што двете клучни институции во земјава, претседателот и премиерот веќе се изјаснија дека не гледаат причина за таква средба.

„Претседателот кажа дека нема намера тој да свикува лидерска средба кај него, премиерот саркастично му одговори на лидерот на опозицијата повеќе кажа дека не е спремен, туку ако сака помош тој е спремен да му помогне, што сметам дека е многу, многу понижувачки за опозицијата“, заклучува Зибери.

Денеска СДСМ блокираше три клучни раскрсници во главниот град, а најавува и одржување на серија маршеви и граѓански парламенти на кои како што велат граѓаните можат да го изразат својот револт и отпор кон власта.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG