Достапни линкови

Политичката криза - најкоментирана тема


Политичко-инстутуционалната криза што настана по излегувањето на опозицијата од Собранието и текстовите за последиците од неа се најкоментирани на нашата веб-страна.

Кој сака да вложува свои пари, поинаку кажано, да инвестира во политички нестабилни држави? Никој. Токму тоа го кажуваат соговорниците на колегата Пешев во прилогот „Никој не инвестира во нестабилни држави“, кој главно предизвикал негативни коментари од вас, почитувани, и тоа со политичка конотација. Некој анонимен ѝ препорачува на редакцијата на македонски на Радио Слободна Европа да консултира експерти, а не гатачи, зашто консултираните не се служеле со основното средство во економијата и бизнисот - бројките. А за навредите во коментарот на Анонимниот на нашите соговорници - неумесно е да се повторуваат употребените зборови.
Сè додека се Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе има поделби, немири и сиромаштија. Оваа влада е најнеспособната од осамостојувањето на Македонија и мора што побрзо да си оди за доброто на народот.

Македон смета дека Радиово наводно е финансирано од Пентагон и дека сме ја потцениле интелигенцијата на просечниот Македонец. Мара од Скопје му реплицира на Македон: „Се јавија партиските војничиња. Поголеми експерти од луѓето со докторати. Само партијата им е репер за случувањата. А баш Пентагон го заболе за државичка со население колку едно предградие на Њујорк со понизок стандард од Замбија“. Тој, пак, ѝ препорачува да прочитала на Википедија дека Радио Слободна Европа е „пропаганден медиум на ЦИА“.

Слушател од Битола потпишан како Патриот, во врска со текстот на колешката Тумановска „Кризата ќе се продлабочува, неопходни се посредници“, коментира дека „Сè додека се Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе има поделби, немири и сиромаштија. Оваа влада е најнеспособната од осамостојувањето на Македонија и мора што побрзо да си оди за доброто на народот“.

Марко, Симона и Владо, сите тројца од Скопје, се против протестите на опозицијата и сметаат дека таа манипулира со народот, а дека главната цел на Црвенковски била да ја оддалечи Македонија од евроинтеграциите и од НАТО. И дека главниот предизвикувач на кризата е Црвенковски. Сево ова како коментари на текстот дека „И власта и опозицијата остануваат во своите ровови“.

Интересен е коментарот на некој Активист по младинската он-лајн колумна на нашата веб-страница на Жарко Нестоски од Радио МОФ, кој пишува дека медиумите се под влијание на политичарите и дека младите во земјава мора да се ослободат од партиските влијанија и да формираат независни, граѓански здруженија: „Ми паѓа жал секогаш кога одново читам за слепата улица на која се осудени младите во Македонија. Младината сама одбегнува да вложи напори за внесување промени во општеството“ - коментира Активистот од Скопје.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG