Достапни линкови

Пронајдени уште 25 жртви од заложничката драма во Алжир


Алжирските безбедносни служби денеска соопштија дека најмалку 48-мина заложници биле убиени во 4-дневната заложничка драма во комплексот за гас во источниот дел на земјата. Претходно беше потврдена смртта на 23 заложници, но подоцна биле пронајдени телата на уште 25 лица. Според алжирската влада, во акцијата биле убиени 32-ца исламистички милитанти, кои беа одговорни за нападот и за држењето заложници, а неколкумина од нив биле уапсени.
XS
SM
MD
LG