Достапни линкови

Обама - Заклетва во чест на САД


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама денеска на јавна церемонија ќе даде свечена заклетва во Вашингтон на почеток на неговиот втор мандат. Обама синоќа беше инаугуариран на скромна приватна церемонија во Белата куќа. Тој порача дека со денешната церемонија и се оддава признание на американската нација.

Во услови на засилено обезбедување, американскиот претседател Барак Обама ќе даде свечена заклетва на церемонија на која се очекуваат од 600 до 800 илјади луѓе.
По прославата знаеме дека не чека тешка работа не поради нашето вредно минато туку поради нашата иднина.

„Треба да се знае дека ние не прославуваме избор или инаугуарација на претседател. Она што го правиме е прослава и одавање признание на самите себе си и на оваа неверојатна нација која ја нарекуваме дом. По прославата знаеме дека не чека тешка работа не поради нашето вредно минато туку поради нашата иднина. Господ нека ве благослови“, изјави американскиот претседател Барак Обама на гала приемот по синоќешната инаугаурација во Белата Куќа.

Во меѓувреме во Вашингтон се собира народ од целата земја да ја проследи неговата свечена заклетва по повод вториот мандат како претседател на Соединетите Американски Држави.

Луис Вајт е од Вирџинија, а Сара Клејпул е студент од Северна Каролина:

„Во тек се големи подготовки, големо е обезбедувањето. Но она што најмногу ми се допаѓа е дека сите се со ведар дух. Можете да разговарате со луѓето од тајната служба, со полицајците. Еден од нив ми рече дека било многу убаво што гледале уште еден среќен граѓанин. Затоа сметам дека ова е настан кој сите нас не обединува“, вели Вајт.

„Супер е да се биде во Вашингтон. Мене ми е многу драго што гледам толку многу луѓе ентузијастички расположени“, вели Клејпул.

Американската амбасада во Скопје организира следење на настанот на свечената заклетва на американскиот претседател во живо во Американското катче во библиотеката Климент Охридски.


  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG