Достапни линкови

Американскиот Претседател Обама денеска ќе положи заклетва


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе даде јавна свечена заклетва во Вашингтон на почетокот на неговиот втор мандат.
Шефот на државата беше инаугуриран на скромна приватна церемонија во Белата куќа. Во услови на засилено обезбедување, Обама ќе даде заклетва пред публика која се очекува да брои од 600.000 до 800.000 лица.
Американската амбасада во Скопје организира следење на настанот во живо во Американското катче во библиотеката Климент Охридски.
XS
SM
MD
LG